Образование
Нотирани слабости во законот за високо образование
16.12.2022 14:11
Нема академска слобода без финансиска стабилност, предупреди Независниот академски синдикат. Оттаму укажаа на слабости при спроведувањето на Законот за високо образование...

Доколку државата не одвои повеќе пари за високото образование, нема да има напредок во науката, ниту квалитетни истражувања, предупредуваат професори. За нив, демотивирачки се платите, за кои велат дека се најниски во регионов.
Слабости при спроведувањето на Законот за високо образование има и во системот што треба да врши контрола на квалитетот на универзитетите и на факултетите. Од Синдикатот реагираат дека дел од телата сè уште не се формирани. Дополнителен проблем е и студентското организирање.
Законот за високо образование е донесен во 2018-та година. Четири години синдикатите реагираат дека текстот е добар, но во пракса не се спроведува, па се бараат законски измени коишто ќе се донесат во транспарентна постапка.
Викторија Милевска
