Економија

324 милиони евра со буџетот за транспорт и врски за инфраструктура и капитални инвестиции

16.12.2022 14:57

Буџетот на Министерството за транспорт и врски за наредната година тежок околу 324 милиони евра-информираат од Владата. Велат-предвидени се крупни инфраструктурни и капитални проекти кои ќе значат поттикнување на економски раст…

Делницата Петровец-Катланово ќе биде завршена наредната година, автопатот Кичево-Охрид до 31-ви декември 2023-та, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Со оглед на тоа што за завршување на изградбата на делницата Петровец-Катланово во должина од приближно 5 километри се работи повеќе години, Бочварски образложи дека причина за пролонгирањето е тоа што изведувачот не го дал посакуваниот резултат. Тој информираше дека новата јавна набавка е завршена и новиот изведувач почнува со работа.

Проектираниот буџет на Министерството за транспорт и врски е 324 евра од кои 308 ќе бидат наменети за капитални инвестиции – патна и железничка инфраструктура со посебен акцент на клучни инвестиции од национален интерес Коридорот 10Д, Коридорот 8, како и железничката инфраструктура на источниот крак на Коридорот 8.

Марина Стојанова Тонева