Македонија

Ковачевски-Бочварски: Вложуваме најголеми средства за инфраструктура, за раст и развој на економијата и подобар живот за граѓаните

16.12.2022 15:27

За следната година за транспорт и врски имаме развоен буџет, со крупни инфраструктурни и капитални проекти, кои значат поттикнување на економскиот раст...

За следната година за транспорт и врски имаме развоен буџет, со крупни инфраструктурни и капитални проекти, кои значат поттикнување на економскиот раст. Буџетот на министерството е проектиран да обезбеди високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на изградба на патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, гасификација и станбената политика, истакнаа на денешната прес-конференција претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на која го презентираа Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2023 година.

Буџетот на Министерството за транспорт и врски е проектиран на ниво од 324 милиони евра, од кои 308 милиони евра или 95 проценти од вкупниот Буџет се расходи наменети за капитални проекти.
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски потенцираше дека средствата во Буџетот на министерството за транспорт и врски за 2023 година наменети за реализација на капиталните проекти се за 163 проценти повеќе во споредба со 2022 година.
Примарен фокус ќе се даде на проектите за изградба на железница и автопати на Коридор 8 и 10Д, санација на локални патишта во општините, гасификација, реконструкција на водоводни и канализациони мрежи, субвенции за нови авиолинии, како и подобрување на транспортот на граничните премини.

Министерот Бочварски истакна дека проект на којшто Министерството ќе даде посебен фокус е изградба на автопатските делници на Коридор 8 и 10Д како и железничкиот крак кон Исток.

Министерот додаде дека во услови на светска економска криза транспортот бележи историски раст за 20 проценти, а за следната 2023 година обезбедени се дополнителни годишни и месечни транспортни дозволи.
Во делот на патна инфраструктура во соработка ЈП за државни патишта следната година интензивно продолжува изградбата на автопатот Кичево-Охрид, Скопје Блаце, експресните патишта кон Прилеп и кон Крива Паланка и други државни и регионални патни правци што ги претставуваат најкрупните инвестиции во Северна Македонија.