Спасовски: Дојавите се дел од хибридна војна, содржината е иста како на оние што се праќаат во регионот
Дојавите за бомби се хибридна војна, а сето тоа се должи на геостратешки интереси кои се испреплетуваат на ова подрачје, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Шефот на дипломатијата Османи пак рече дека за дојавите за бомби се обратиле и до НАТО...

Електронските дојави за бомби се со иста содржина како и тие во регионот, работиме со меѓународните партнери коишто можат многу да помогнат за расчистување на случаите, вели министерот Спасовски.
Комплетно истиот текст кој е кај нас го има и кај нашите соседи.
Тој потенцираше дека целта е да се постигне страв и паника, но важна е присебноста и брзата реакција, а тоа го прави македонската полиција во секој момент.
„Заради тоа што нашиот пат и нашата иднина ја одбираат нашите граѓаните, не може никој од надвор да ни наметнува дали ние ќе бидеме дел од НАТО и дали ќе одиме по европскиот пат, секој еден кој се обидува на еден ваков начин се спротивставуваме, најважна е иднината на оваа држава“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
За дојавите за бомби државата се обрати и до НАТО, изјави шефот на дипломатија Бујар Османи
Министерот Спасовски дополни дека веќе е формиран посебен штаб во МВР, а очекува да се свика и Советот за координација на којшто ќе разговара од аспект на националната безбедност.
Зоран Димовски
