Уште 15 руски функционери на „црната“ листа на ЕУ

29.04.2014 11:46

Со ова, бројот на руските функционери на кои ЕУ им воведе санкции се искачи на вкупно 48 лица...

Поради „поттикнување сепаратизам во Украина“ на познатата „црна листа“ на Европската унија се најдоа уште 15 руски функционери. Европскиот совет денеска ги објави нивните имиња. 
 
Со ова, бројот на руските функционери на кои ЕУ им воведе санкции се искачи на вкупно 48 лица. 
 
На врвот на листата е потпретседателот на руската Влада Димитриј Козак, а следи контраадмиралот Олег Белавенцев, кого претседателот Владимир Путин го постави за свој претставник на Крим.
 
Тука се и потпретседателката на Думата, Људмила Швецова, началникот на Генералштабот Валериј Герасимов и неколку лидери на сепаратистичките сили во Украина, вклучувајќи го командантот на одбраната на Славјанск, полковникот Игор Стрелков.