Берлин

Експлодираше аквариум во берлински хотел

16.12.2022 17:52

Аквариум висок 16 метри експлодираше во берлински хотел. Аквариумот содржел милион литри вода...

Аквариум висок 16 метри експлодираше во берлински хотел. Аквариумот содржел милион литри вода.

Според веб-страницата на хотелот, овој аквариум е најголемиот слободностоечки цилиндричен аквариум во светот и е модернизиран во летото 2020 година.

Се уште не се познати причините за хаваријата.