МВР

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во Скопје и Битола, завршија сите потребни проверки

16.12.2022 18:08

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (8 основни училишта и 19 средни училишта и една градинка) и Битола (девет основни училишта и две средни училиште), како и Меѓународен аеродром Скопје, СЦ Борис Трајковски, Национална арена „Тоше Проевски“, Фудбалска федерација на Македонија, Ист гејт мол, како и неколку хотели, дека добиле пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.