Формула 1

Ново си е ново

29.04.2014 12:03

Парите не се проблем за Ф1 тимот на Ред Бул, па без многу размислување и обиди да се реши проблемот донесоа одлука Себастијан Фетел за трката во Шпанија да добие комплетно нова шасија.

Во Ред Бул неможеа да ја најдат причината зошто времињата и перфомансите на актуелниот шампион се континуирано полоши од тие на клубскиот колега Рикардо, па веќе е подготвена нова шасија за болидот РБ 10 со кој Фетел ќе настапи на трката на Каталуња по 10 дена.

Се верува дека и најмала пукнатина на шасијата може сериозно да влијае на перфомансите на болидот ,па немајќи време за губење и барање на евентуалните оштетувања Ред Бул го избра поедноставното, но и поскапо решение на проблемот. Не е потврдено дали и новиот болид ќе го носи името Сузи, откако претходниот не му донесе многу успех на Фетел.