Полицијата негира дека го уапсила Михајловиќ
Во српската престолнина беше одржан протест организиран од десничарските опозоциски партии.

Косовската полиција демантира дека го уапсила поранешниот полицаец Зоран Михајловиќ во северниот дел од земјата. Потврди дека во четвртокот бил приведен Слаѓан Трајковиќ, исто така припадник на полицијата кој ја напуштил службата.
Негира и дека нејзини припадници спречиле вработени на Електродистрибуција да извршат поправка на дефект во мрежата. Од косовското МВР обвинија за дезинформациска кампања од страна на Белград за, како што велат, оправдување на некои криминални дејствија. Повикаа на итно отстранување на барикадите.
Во српската престолнина беше одржан протест организиран од десничарските опозоциски партии.
Србија побара враќање на своите полициски и воени сили во северно Косово, повикувајќи се на резолуцијата на ОН.
