РУСКО-УКРАИНСКИ КОНФЛИКТ

Путин во посета на командантите на руските трупи

17.12.2022 10:32

Покрај информирањето за напредокот на операцијата, шефот на Кремљ одржа конференција и одделни состаноци со командантите. Според градоначалникот на Киев, Кличко, половина град е без греење, а третина без струја.

Рускиот претседател Путин го посети воениот штаб на сите кои учествуваат во конфликтот во Украина.

Покрај информирањето за напредокот на операцијата, шефот на Кремљ одржа конференција и одделни состаноци со командантите. Според градоначалникот на Киев, Кличко, половина град е без греење, а третина без струја.

Во меѓувреме, Молдавија привремено забрани шест телевизиски канали поради дезинформации за војната. Блокадата ќе се активира на 19 декември и ќе трае за време на вонредната состојба која беше прогласена на почетокот на руската инвазија во Украина.