Прилеп

Без конзервација, нема заштита на културното богатство

17.12.2022 11:35

Речиси нема доволно средства за конзервација на наодите и истражувањата на локалитетите. Може неповратно да се загуби културното наследство, а нема можност да се презентира пред светот…

Истражуваме, наидуваме на бесценето културно богатство, ама без средства, не може да го конзервираме или заштитиме. Ова е најголемиот проблем, покрај оној со нерешени имотно-правни односи на локалитетите, нагласуваат археолозите и конзерваторите. Конзервацијата го зачувува културното наследство, ѝ се претставува на јавноста, се развива културниот туризам.

Или има петпати помалку пари за конзервација или стигнуваат во зима. Секое одложување процесот го прави поскап. Се уништува и се разградува истраженото.

Археолозите и конзерваторите предупредуваат – повеќе внимание за конзервација на откриенто културно богатство. Да не го загубиме неповратно.

Елизабета Митреска