Основана е „Кинеска куќа“ за политиката кон Пекинг
Предвидена е координација на експерти за Кина од разни оддели во однос на меѓународната безбедност, економијата, технологијата, мултилатералната дипломатија и стратегиската комуникација.

Американскиот Стејт департмент основа „Кинеска куќа“ која ќе помогне во проширувањето и појаснувањето на политиката на Вашингтон кон својот најголем геополитички ривал.
Предвидена е координација на експерти за Кина од разни оддели во однос на меѓународната безбедност, економијата, технологијата, мултилатералната дипломатија и стратегиската комуникација.
„Кинеската куќа“ ќе го замени„Кинескиот деск“ во Стејт департментот, но и натаму ќе ја надгледува Рик Вотерс, потсекретарот за Кина, Тајван и Монглоија при Одделот за Источна Азија и пацифичките работи.
„Размерот и обемот на предизвиците кои ги претставува Народна Република Кина ќе бидат невиден тест за американската дипломатија “, изјави државниот секретар Блинкен.
