Македонија

Се зголемува бројот на кучиња скитници низ тетовските улици

17.12.2022 12:00

Бројот на кучиња скитници низ тетовските улици се зголемува, а со тоа и нападите врз граѓаните растат. Податоците на полицијата велат дека речиси секој ден граѓаните пријавуваат дека биле цел на агресивни кучиња. Општината повторно со нови најави за решавање на проблемот.

Кучиња скитници во секое тетовско мало. Гладни и агресивни во глутница во потрага по храна. Ваква е сликата во градот подолг период. Општина Тетово со нова најава. На волонтерска основа ќе се згрижуваат бездомните животни.

Арбен Таравари, кој е нов претседател на Центарот за развој на полошкиот плански регион, вели дека без регионален пристап нема решение за кучињата скитници, а полошките општини работат на реализација на оваа идеја.

Како можна локација за регионален центар за згрижување на кучиња скитници од целиот полошки регион е посочена општина Врапчиште.

Зоран Димовски