ТВИТЕР

Маск ќе ги реактивира новинарските профили

17.12.2022 12:02

Одлуката ја донел според резултати од анкета на која го псотавил прашањето дали профилите треба да се вратат сега или за една недела.

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, напиша дека ќе ги реактивира профилите на новинарите кои беа блокирани откако ги обвини дека го загрозувале неговото семејство и споделувале приватни информации за неговата локација.

Одлуката ја донел според резултати од анкета на која го псотавил прашањето дали профилите треба да се вратат сега или за една недела.

Обединетите нации и Европската унија претходно го осудија за непочитување на слободата на медиумите, а Брисел се закани со санкции за компанијата.