35 години „Мобилност“- регионално здружение на лица со телесен инвалидитет
Регионалното здружение „Мобилност“ 35 години е местото преку кое решенија за своите проблеми бараат лицата со инвалидитет од општините Битола, Ресен и Демир Хисар…

Од обично здружение за церебрална парализа до регионално здружение на лица со телесен инвалидитет со три и пол децениски континуитет. Почетокот само се неколку десетици членови, вели претседателот Нико Јанков кој во својот хуман придонес се вгради и како лекар ортопед-специјалист.
На почетокот нашата посветеност беше против гетоизацијата на лицата со инвалидитет, да им се објасни на овие лица дека не треба да се кријат туку преку здружението да се делува за решавање на нивните основни проблеми вели сега ортопедот во пензија.
Пристапноста била и остана еден од нивните најгорливи проблеми. Револуционерен исчекор се очекува со имплементација на прекуграничниот проект со нашиот јужен сосед-„Алтернативно туристичко искуство и алтернативни туристички патувања“. Од добиените 350 илјади евра нашата страна ќе користи 100.000 евра, средства кој ќе донесат софистицирани алатки на некои туристички локации.
Со ова ќе важат за пионери на Балканот во оваа област, како здружение кое денес брои над 1.100 членови, а во изминатите 35 години тука членувале над три илјади лица со инвалидитет.
Стевче Митревски
