Баерн и Реал во двобој за „Луж“
Бранителот на европската круна Баерн ќе се повика на импресивната домашна форма како еден од главните адури на коишто ќе ги темели надежите за пресврт во полуфиналниот двомеч, откако загуби со 1-0 во Мадрид и покрај доминантноста во играта. Ако се знае и катастрофалниот биланс на Реал во Германија, разбирлива е самоувереноста меѓу избраниците на Пеп Гвардиола.

Бранителот на европската круна Баерн ќе се повика на импресивната домашна форма како еден од главните адури на коишто ќе ги темели надежите за пресврт во полуфиналниот двомеч, откако загуби со 1-0 во Мадрид и покрај доминантноста во играта. Ако се знае и катастрофалниот биланс на Реал во Германија, разбирлива е самоувереноста меѓу избраниците на Пеп Гвардиола.
Баерн ја има и историјата на своја страна – осум победи, едно реми и без пораз во деветте меча со „кралскиот клуб“ во Минхен. На вкупно 21 мемѓусебен меч има 11 победи, загубил осумпати. Поуспешен е и во нокаут-соочувањата со Реал, а дури четири пати го исфрлаше од Европа во петте меѓусебни полуфиналиња во Лигата на шампионите.
Германскиот првак е убиствен на „Алијанц“, каде што победи на 20 од последните 24 средби од елитната конкуренција, иако славеше само на една од последните три. Сепак, традицијата вели дека победил дома петпати во шесте случаи кога по првата средба загубил со 1-0.
Страдањата на Реал во Германија се стара приказна. Последните две му завршија со порази во Дортмунд. Ланскиот значење полуфинална елиминација, годинашниот не беше кобен, но го потврди правилото. Има пет порази на последните 23 европски гостувања, а четири од нив му се во Германија. Неверојатно звучи фактот дека мадридскиот тим победил само двапати на вкупно 27 меча на германска почва. Еден од успесите му е триумфот од 6-1 над Шалке 04 во осминафиналето.
Колку и да му се проблем германските екипи, има една математика којашто е на негова страна. Во своја корист решил дури 13 од вкупно 21 двомеч со екипи од Бундес Лигата. Од 56 случаи кога победил дома на првата средба, се пласирал понатаму дури 43 пати.
Бејл се опорави од настинката и е подготвен за настап, но прашање е дали Анчелоти ќе истрча и со него и Роналдо, или пак ќе се определи за повнимателен пристап. Ако се реши за двајцата, во тимот ќе го нема Иско. И Гваридола се очекува да менува во составот, шанса да добие Хави Мартинез место Рафиња, а имаат што да понудат и Геце и Милер.
Реваншот од вториот полуфинален двомеч меѓу Челзи и Атлетико Мадрид ќе биде одигран утре вечер. На „Висенте Калдерон“ минатиот вторник беше 0-0.
