Судство
Адвокатите на Mијалков задоволни од одлуката на Aпелација
17.12.2022 19:14
Реагираат на критиките. Велат, функционерите да не се мешаат и да не вршат притисок врз судската власт...

Адвокатите на Mијалков се задоволни од одлуката на Aпелација. Реагираат на критиките. Велат, функционерите да не се мешаат и да не вршат притисок врз судската власт.
Во текот на целата главна расправа одбраната укажуваше на бројните повреди на законот. Повреди кои доведоа до неоснована и правно неиздржана пресудa. Наместо да одговори на сите отворени прашања околу незаконското следење на комуникации, Oсновниот суд без аргументи и докази донесе осудителна пресуда против нашиот клиент. Пресуда за која беше јасно дека нема да ја издржи проверката во повисокиот суд, наведува одбраната на Mијалков.
