Реакции

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ќе биде поразен од народот на предвремени избори

17.12.2022 21:31

Според ВМРО-ДПМНЕ, место на големата маса на ЕУ нема за премиер кој брои милиони преку фирми како што тоа го прави во аферата „Броило“ на грбот на осиромашувањето на народот...

Полупразната игранка пред кооперација на СДС покажа дека Ковачевски е предводник на криминализирана структура која жестоко ќе биде поразена од народот на предвремени избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, место на големата маса на ЕУ нема за премиер кој брои милиони преку фирми како што тоа го прави во аферата „Броило“ на грбот на осиромашувањето на народот, ниту пак за членови на влада кои се папочната врвка со криминалот во државата, стои во реакцијата на опозициската партија.