КОСОВО

Мирно на барикадите, КФОР без одговор на барањето на Белград

18.12.2022 10:06

Србите во северно Косово се деветти ден на барикадите поради апсењето на нивен сонародник. Премините Јариње и Брњак се затворени...

Србите во северно Косово се деветти ден на барикадите поради апсењето на нивен сонародник. Премините Јариње и Брњак се затворени, на блокадите се стационираше и медицински персонал од Митровица.

Протестираат поради односот на Приштина, која ја обвинуваат за непримерни секојдневни постапки против српската заедница.

КФОР засега без одговор за барањето на Белград за враќање на полициските и  воените сили во северно Косово.