РУСКО-УКРАИНСКИ КОНФЛИКТ

Битки за Доњецк

18.12.2022 09:46

Руската страна тврди дека операцијатa е дел од акцијата за спречување на испораката на странско оружје за Украина.

Војските на Русија и Украина и натаму ги одмеруваат силите на фронтот во Доњецк. Во нападите во Криви Рих и Херсон, според Москва, непријателот има загуби во воен персонал. Руската страна тврди дека операцијатa е дел од акцијата за спречување на испораката на странско оружје за Украина.

Деветтиот пакет санкции од Брисел, според нив, ќе има ист ефект како и досегашните, односно само ќе ги зголемi социекономските проблеми во Унијата.

Во меѓувреме, струјата и греењето постепено се враќаат во Киев и покрај гранатирањето на водоводната и електродистрибутивната мрежа.

Според руските медиуми, министерот за одбрана Шојгу бил на увид во Јужниот воен округ.