КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ

Северна Кореја истрела две балистички ракети

18.12.2022 10:49

Јапонија проценува дека проектилите паднале надвор од нејзиниот економски појас.

Сеул тврди - Северна Кореја истрела две балистички ракети кон морето на источниот брег. Јапонија проценува дека проектилите паднале надвор од нејзиниот економски појас.

Пред неколку дена Пјонгјанг тестираше ракетен мотор на тврдо гориво, кое според експертите, го забрзува и олеснува лансирањето на балистички ракети.