Здравство

Променливото време е причина за низа вирусни инфекции

18.12.2022 15:14

На телефонските броеви на брза помош најголем број повици се со барања за медицинска помош на деца со високи температури. Докторите апелираат да не се одбегнува тестирањето за Ковид. Променливото време е причина за низа вирусни инфекции, но граѓаните веќе ги следат препораките и нема зголемени барања за итни интервенции од брзата помош…

Променливото време е причина за низа вирусни инфекции. Најголем број на јавувања на 194 се со барања за медицинска помош на деца со високи температури. Докторите апелираат да не се одбегнува тестирањето за Ковид. Невообичаено повисоките температури за овој период од годината влијаат врз здравјето на граѓаните, но нема зголемен број на повици на Итната медицинска помош. Дежурните екипи велат-граѓаните веќе ги следат препораките.

Синоптичарите предвидуваат стабилно и суво време наредниот период, со повеќе сонце, но пониски температури.

Лекарите со апел, да се внесуваа храна богата со витамини и слободното време да се користи да се излезе во природа.

Ана Јосифоска Тодоровска