Снукер

Почнува ¼ финалната рунда

29.04.2014 12:22

На „даските“ на  Крусибл Театарот во Шефилд останаа последните осуммина актери. Започна третиот чин од најголемата снукер-претстава. Петмина Англичани и по еден Велшанец, Шкотланѓанец и Австралиец  е  составот, кој ја продолжува борбата за светската круна.Според распоредот на двојките, ¼ финалето ќе е исклучително интересно!

На „даските“ на  Крусибл Театарот во Шефилд останаа последните осуммина актери. Започна третиот чин од најголемата снукер-претстава. Петмина Англичани и по еден Велшанец, Шкотланѓанец и Австралиец  е  составот, кој ја продолжува борбата за светската круна.Според распоредот на двојките, ¼ финалето ќе е исклучително интересно! Единствената англиска двојка е „главниот хит“: Рони О,Саливен, бранителот на титулата против Шон Марфи, светскиот првак од 2005 година.О,Саливен беше ставен на тежок испит во претходното коло од Џо Пери, за разлика од Марфи, кој релативно лесно со 13:8 го елиминира Марко Фу. Голема ќе е привлечноста од случувањата  уште на две маси.Марк Селби ќе игра против  Алан МекМанус.Селби ја подигна формата во 1/8 финалето против Али Картер.Шкотланѓанецот Алан МекМанус игра константно добр..Разигран, деновиве зад себе остави двајца светски шампиони. Најнапред го елиминира Џон Хигинс, а потоа и Кен Дохерти. Патот на Австралиецот Нил Робертсон, светскиот шампион од 2010 се вкрсти со Џад Трамп, последниот вундеркинд кој се појави во светот на снукерот.И тоа ќе е дуел за сладокусци.Двојката со која ќе биде заокружена ¼ финалната пресметка е меѓу Англичанецот Бари Хоукинс и Велшанецот Доминик Дејл. Хоукинс како финалист на шампионатот во 2012 ги почувствувал веќе мондијалските височини. За Дејл ова е шанса за еден од најголемите успеси во кариерата. И во ¼ финалето ќе се играат максимум 25 партии или во 13 добиени фрејмови.