Временска прогноза

Сончево и посвежо со умерен северен ветер

19.12.2022 08:18

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и посвежо, а на југоистокот од земјата ќе биде пооблачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и посвежо, а на југоистокот од земјата ќе биде пооблачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи од-3 до 5 степени, а во текот на денот од 5 до 11 степени Целзиусови.

Во Скопје дневната температура ќе се искачи до 7 степени.