Собрание

Седници на Комисијата за одбрана и Буџетскиот совет на Собранието

19.12.2022 08:34

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и Буџетскиот совет на Собранието...

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и Буџетскиот совет на Собранието.

На дневен ред на Комисијата за одбрана се информациите за доделување на договор влада со влада за набавка на хаубици 105 мм и муниција 105 мм помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција со склучување на Договор со Претседателството на турската одбранбена индустрија (ССБ) и за доделување на договор влада со влада за ремонт на два хеликоптера Ми-8МТ со регистарски број 305 и 306 помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Чешката Република со склучување на договор влада со влада.

Буџетскиот совет на Собранието ќе го разгледа Известувањето за реализација на расходите во Буџетот на Собранието за 2022 година, поднесено под архивски број 32-5229/1.