Форум „Актуелни меѓународни политички и безбедносни предизвици, со фокус на ситуацијата во Украина“
Во рамки на процесот за создавање 10-годишна стратегијата за надворешна политика на Република Северна Македонија „Рефлексија 2030“, денеска, во коорганизација на Министерството за надворешни работи и Филозофскиот факултет при УКИМ ќе се одржи форум на тема „Актуелни меѓународни политички и безбедносни предизвици, со посебен фокус на ситуацијата во Украина“...

Во рамки на процесот за создавање 10-годишна стратегијата за надворешна политика на Република Северна Македонија „Рефлексија 2030“, денеска, во коорганизација на Министерството за надворешни работи и Филозофскиот факултет при УКИМ ќе се одржи форум на тема „Актуелни меѓународни политички и безбедносни предизвици, со посебен фокус на ситуацијата во Украина“.
Како што соопшти МНР, на форумот свои воведни обраќања ќе имаат министерот за надворешни работи, Бујар Османи и деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев.
Учесници на форумот, што ќе се одржи во просториите на МНР, ќе бидат и членовите на Стратешкиот совет на Министерството, како и професори и студенти од Филозофскиот факултет.
