Сообраќај
МВР: 166 санкционирани возачи во Скопје
19.12.2022 08:56
На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 31 санкција за возење под дејство на алкохол...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 31 санкција за возење под дејство на алкохол.
Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник, соопштуваат од МВР.
