Косово: Барикади на северот, учениците се враќаат на настава
Србите десетти ден на барикадите во Зевчан, Зубин Поток и Лепосавич поради апсењето на нивни сограѓани...

Северно Косово и натаму под блокади. Србите десетти ден на барикадите во Зевчан, Зубин Поток и Лепосавич поради апсењето на нивни сограѓани.
„Овде сум поради мојата егзистенција, потеклото, поддршката за Србите на Косово и Метохија. И за сите Срби кои се свесни за својот идентитет. Нашиот идентитет е Косовско поле, се знае што се случувало по битката за Косово. Ние сме овде, тие се овде. Нашата територија е овде, светата српска земја“.
„Дојдовме да пратиме порака дека ќе се бориме за Косово и Метохија, ова за мене е почетокот на третото српско востание“.
„Брисел и Вашингтон ги слушаат Србите само кога се на барикадите“, изјави премиерката Брнабиќ. Белград изрази разочараност од Меѓународната заедница и начинот на кој ги третира човековите права, основните демократски вредности и одговорот на постапките на косовскиот премиер Курти кон Србите.
„Така почна декември и привршува којзнае како, засега имаме над 16 брутални провокации, нарушувања на Бриселскиот договор, упади на до заби вооружени припадници на косовската полиција, специјалните сили РОСУ на северот на Косово и Метохија“, изјави српската премиерка, Ана Брнабиќ .
Учениците во основните школи се враќаат на настава, средношколците на онлајн часови.
