Антиќ со нова дефанзивна партија
29.04.2014 12:24
Иако постигна само 1 поен од линијата за слободни, Македонецот беше виталната фигура во одбраната на Атланта и се наоѓа на чекот до пласман во 2-то НБА плеј оф коло.
Во 5-тиот натпревар од серијата во првото коло на Истокот, Хоукс славеа со 97:107 и му го нанесоа вториот пораз на тијмот на Пејсерс на домашен терен, екипа што во регуларниот дел на сезоната загуби само 5 пати во 41 натпревар на свој паркет.

Перо Антиќ имаше учинок 0/3 од поле и 1/2 од линијата за слободни, имаше 2 скока и 1 асистенција, но одигра маестрална партија во дефанзивата, оставајќи го противничкиот центар Рој Хиберт без поен и без скок.
Атланта води со 3:2 во серијата на Истокот. Следниот натпревар, тимот на Хоукс го игра на домашен терен и со победа ќе се пласира во 2-то коло од доигрувањето.
На другите средби од синоќешната понуда, Мајами славеше против Парлот со 109:98 и се пласира во втората рунда со чисти 4:0. Џејмс постигна 31 поен за победникот, Вокер 29 кај поразената екипа. Сан Антонио славеше против Далас со 93:89 и изедначи на 2:2, Џинобили ги предводеше Спарс со 23 поени.