Јапонско јаболко и неговите вредности

19.12.2022 10:07

Јапонското јаболко е нутритивно многу вредно овошје кое содржи голема количина на хранливи материи: витамини А, Б и Ц, јод и железо...

Јапонското јаболко е најубаво во зимските денови. Тогаш неговите листови опаѓаат, па на голите гранки остануваат портокаловите плодови.

Посебно интересен е податокот дека на некои дрва, јапонските јаболка достигнуваат тежина и по 400 грама. Тоа што е најважно е дека ова јаболко е богато со витамин Ц, и со тоа овие плодови се одлични за јакнење на имунитетот и подобрување на општата состојба на организмот.

Тие се особено корисни во зима затоа што ги подобруваат имунитетот и нервниот систем и му помагаат на организмот да се заштити од разни инфекции, сметаат нутриционистите.

Јапонското јаболко да не се јаде повеќе од две до три овошки во текот на денот, за да спречите дијареја и стомачни тегоби.

Ова овошје е многу корисно за лица со анемија или кардио васкуларни заболувања. Јапонското јаболко содржи сосем мала количина на овошна киселина и не им пречи на луѓето со гастроинтестинални проблеми.

Сепак, има такви за кои ова овошје може да биде опасно. Лекарите предупредуваат дека треба да го избегнуваат лица со проблеми со панкреасот или камења во бубрезите.

Дијабетичарите пак, смеат да го јадат во количина од најмногу еден плод дневно, бидејќи содржи доста шеќери.
Меѓутоа, ако сте здрави, можете безбедно да јадете три јаболка на ден.