Македонија

Новогодишен гала концерт „Исток“ во Македонската филхармонија

19.12.2022 10:13

Диригент е Миријан Кукунаишвили (Грузија), а како солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска (Македонија/Австрија) и баритонот Иван Наумовски (Македонија/Австрија)...

Во четврток, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот новогодишен гала концерт насловен „Исток“ (арх.-извор).

Диригент е Миријан Кукунаишвили (Грузија), а како солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска (Македонија/Австрија) и баритонот Иван Наумовски (Македонија/Австрија).

На програмата се дела кои имаат типично „новогодишен“ концепт, а валцерот како музичка форма ќе биде составен дел од овој концерт. Публиката ќе има можност да чуе дела од Штраус, Чајковски, Лехар, Лумбије, но и посовремени музички толкувања на темата валцер како „Валцерот на Амелија“ на Јан Тирсен од филмот „Чудесната судбина на Амели Пулен“, „Маскарада валс“ на Арам Хачатуријан, „Валцер за збогување“ на Алфред Шнитке и други.