Анкета на ИРИ: Над половина од граѓаните сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока
Само 13 проценти од граѓаните сметаат дека земјава се движи во вистинска насока, а 58 насто оцениле дека одиме во погрешен правец. Главни проблеми се инфлацијата, нискиот стандард, невработеноста, корупцијата и криминалот, а според граѓаните, Владата не е доволно посветена на решавање на проблемите...

Меѓународниот републикански институт, ИРИ, претстави ново истражување на јавното мислење. Констатацијата е дека има незадоволство од насоката во која се движи земјата, но, останува силната поддршка за членството во Европската Унија, иако се зголемуваат и позитивните перцепции за Кина и Турција.
Само 13 проценти од граѓаните сметаат дека земјава се движи во вистинска насока, а 58 насто оцениле дека одиме во погрешен правец. Главни проблеми се инфлацијата, нискиот стандард, невработеноста, корупцијата и криминалот, а според граѓаните, Владата не е доволно посветена на решавање на проблемите.
На прашањето ако следната недела се одржат избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19 проценти, а за СДСМ 11. Само 4 проценти целосно му веруваат на судството, а 3 на обвинителството. И покрај падот од 11 процентни поени, високи 73 насто од анкетираните сакаат да влезат во Европската Унија.
Анкетата е спроведена од „БРИМА“, во периодот од 23-ти септември до 13-ти октомври преку интервјуа лице в лице, на репрезентативен примерок од 1.207 испитаници, со маргина на грешка од плус/минус 2,8 проценти и ниво на доверба од 95 отсто.
