Образование

Историчари за пропустите во врска со учебникот по историја

19.12.2022 12:52

Здружението на историчарите на Македонија реагира за низа пропусти во содржинската и во концепциската смисла, во учебникот по историја и општество за петто одделение...

Здружението на историчарите на Македонија реагира за низа пропусти во содржинската и во концепциската смисла, во учебникот по историја и општество за петто одделение. Недозволиво е во 21-ви век, учениците да ги добиваат своите први сознанија, меѓу другото и од областа на историјата, од учебник што изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации, велат историчарите.

„Македонија“ како историски термин воопшто не се користи. Единствено се користи името „Република Северна Македонија“, а за мапата на која учениците треба да ги нотираат археолошките наоѓалишта, придавката „македонски“ е употребена само на четири места, стои во соопштението.

Здружението на историчарите од Министерството за образование и наука ќе побараат повлекување на учебникот од употреба.