Предизвици од руско-украинската војна
Иако поради руско-украинскиот конфликт можеби нема директни закани врз безбедноста на нашата земја, оти сме дел од НАТО, сепак, последици има, вели шефот на дипломатијата Османи. За експертите, хибридната војна преку дојавите за бомби е притисок за продлабочување на економската криза...

Агресијата врз Украина беше пресвртна точка, бидејќи после воспоставувањето на меѓународниот либерален поредок мислевме дека нападот врз суверена и независна држава со цел окупација ќе го гледаме само на филм, вели шефот на дипломатијата Османи. Иако можеби нема директни закани врз безбедноста на нашата земја бидејќи сме дел од НАТО, сепак, има последици.
Хибридната војна преку дојавите за бомби според деканот на Филозофскиот факултет Дуев претставува притисок за продлабочување на економската криза. Не случајно, вели, се избираат основните и средните училишта, бидејќи целта е да се оневозможат родителите и компаниите успешно да работат.
Поранешниот министер за надворешни работи и амбасадор во ООН, Малески смета дека како мала држава на овие предизвици можеме да се спротивставиме преку силен демократски развој.
Идната година, нашата земја ќе раководи со три меѓународни платформи – ОБСЕ, Јадранската повелба и Процесот за соработка на југоисточна Европа, што ќе биде дополнителен влог за геополитичките односи.
Фиљана Кока
