Амбасада на САД

Безбедносно предупредување поради дојавите за бомби

19.12.2022 14:30

По Германија, и Американската амбасада во Скопје со безбедносно предупредување до своите граѓаните кои патуваат во Македонија, поради зголемениот број анонимни дојави за бомби...

По Германија, и САД упатија предупредување до своите државјани кои патуваат или престојуваат во земјава да бидат внимателни – и поради потенцијалното зголемување на криминалот за празниците, но и поради честите закани за поставени бомби. Американската амбасада во Скопје ги повика, во таков случај да ги следат упатствата на локалниот безбедносен персонал и на полицијата. Викендов, и Германија побара од нејзините државјани да бидат претпазливи поради заканите со бомби. Премиерот Ковачевски смирува – вели, и тој би постапил така во слична ситуација, но уверува дека МВР активно работи на откривање на дојавувачите.

Министерката за одбрана Петровска вели дека се соочуваме со хибридна војна и дека целта на анонимните дојави за поставени бомби е да се шири паника меѓу населението. Сите информации од военото разузнавање и оние што ги добиваат од НАТО и сојузниците за откривање на заканувачите се споделуваат со МВР, вели Петровска.

Според министерката за одбраната, постојат индиции дека заканите за поставени бомби се упатени во земји од Западниот Балкан кои се придружија на санкциите против Русија поради инвазијата во Украина.

Ирина Гелевска