Работнички и МЗТ во Градски парк

29.04.2014 12:33

Вечните ривали ќе се соочат по 120 пат. Најтрофејната екипа покажа дека може да се носи со шампионот, но Аеродромци победија на последните 5 меѓусебни соочувања.
 
По одложувањата на овој и тензиите во првиот меѓусебен натпревар, македонската спортска јавност очекува ДЕРБИ и празник на кошарката во Скопје, во првиот натпревар од 6-та рунда на Супер лигата. Во Градскиот парк, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром се соочиле 56 пати, домаќинот има 42 победи, а гостинот 14.
 
Во ова дерби ќе влеземе комплетни и тоа е добра вест. Ова е важен меч за нас, а е инспирација плус бидејќи се работи за дерби помеѓу два големи ривали. МЗТ е тежок противник, но нема што да калкулираме, одиме на победа, во нашата сала не се плашиме од никого. – изјави тренерот на домаќините, Емил Рајковиќ.
 
МЗТ нема пораз по првиот круг од супер лигата, додека Работнички се наоѓа на делба на третата позиција (зад МЗТ и Кожув) меѓу Лирија и Куманово, три екипи со по 2 победи и по 3 порази.
 
Kога е во прашање дуел помеѓу овие два тима, нема калкулации. Обата противника одат на победа со сите сили. Знаеме дека ќе ни биде тешко да играме пред полните трибини, но тоа е тоа. МЗТ на овој меч ќе настапи комплетен. – изјави кошаркарот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Чековски.
 
Преносот од натпреварот е од 17:30 минути, на МТВ1.