Уапсен е возачот кој прегази 11- годишно девојче во Велес
Истрагата треба да открие дали вечерта бил под дејство на алкохол или опијати, ако по минати 40 часа може да се пронајдат ...

Уапсен е возачот кој се сомничи дека усмрти 11 годишно девојче на пешачки премин, каде што поминувала со нејзините родители. Мајката мина со тешки телесни повреди, таткото со силна вознемиреност, тие два дена се на домашно лекување.
Според изјавата на Ристе Самарџиев- портпарол на СВР Велес, истрагата треба да открие дали осомничениот во моментите кога се случила несреќата, саботата 22,15ч. бил под дејство на алкохол, доколку и по 40 часа од настанот останало нешто во неговата крв или урина или можеби бил под дејство на опијати. Возилото бел мерцедес е предадено на техничко вештачење.
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Петар Печков
