Ниска доверба и незадоволство од судството во државата
Скринингот со ЕУ ќе постави многу прашања на кои ќе треба да одговорат и правосудните органи-изјави премиерот Ковачевски. Имаме заробено обвинителство и судство од оваа власт, вели опозиционерот Мицкоски...

Политичките чинители велат дека се незадоволни од судството и ниската доверба на граѓаните кон него. Се обвинуваат едни со други за тоа кој го партизирал и колкаво влијание има врз носењето одлуки. Имаме заробено обвинителство и судство од оваа власт, вели опозиционерот Мицкоски. Од партиски штабови се поставуваат претседатели на Судски совет и Академија за судии и обвинители – вели тој.
Од коалицијата за правично судење велат дека нема разлика во однос на недостатоците во судството од лани. Пресудите во судовите за организиран криминал се слични со оние од останатите оддели. Одделно го разгледувале и случајот „Таргет- Тврдина“ кој се враќа на повторно судење со реални шанси делото да застари.
Скринингот со ЕУ ќе постави многу прашања на кои ќе треба да одговорат и правосудните органи-изјави премиерот Ковачевски кој како и половина Влада е разочаран од одлуката на апелација за случајот „Таргет-Тврдина“. Тврди дека како премиер и Влада не се мешаат во судската власт. Шокиран сум од одлуката на апелација и таа е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи – е ставот на претседателот Пендаровски.
Миле Ристески
