Владика Петар: Томосот од Цариград ќе стигне, уште неколку цркви да се изјаснат
Треба да се изјаснат уште неколку помесни православни цркви на кои не им пречи нашето име за да стигне томосот од Цариградската патријаршија за автокефалноста на МПЦ. Се очекува, но не се знае точно кога. Одлуката на Бугарската црква да има дидјалог за името, за владиката Петар е политичко решение...

Се очекува томосот на Цариградската патријаршија за автокефалноста на МПЦ да стигне по изјаснувањето на уште неколку помесни цркви на кои не им пречи нашето име, изјави владиката Петар по томосот од Цариград, ќе следи признавањето на другите цркви кои имаат проблем со името.
За владиката Петар е политичко решение одлуката на Бугарската Православна црква која по прифаќањето на томосот на СПЦ за автокефалноста, да изрази препорака прашањето за официјалното име да се реши во братски дијалог со помесните цркви. Особено што името на поглаварот на Охридската Архиепископија г.г Стефан, Светиот синод на БПЦ вели да се споменува како архиепископ на Северна Македонија.
За томосот од Цариградската патријаршија не се очекуваат најави.
Елизабета Митреска
