Отворена е првата Академија за дисеминатори за Меѓународно хуманитарно право
Академијата за дисеминатори за Меѓународно хуманитарно право претставува базична тридневна обука наменета за студенти од завршна година на додипломски студии или студенти на постдипломски студии од областа на безбедноста, правото и воените науки, а ќе се реализира во период од 19 до 21 декември 2022 година...

Да се создаде Академија со кадар кој ќе го промовира и афирмира меѓународното хуманитарно право пред различни целни групи и да се обучат првите дисеминатори за Меѓународно хуманитарно право е од особено значење за градење на култура на почитување и применување на хуманите принципи, особено во овој период на голема хуманитарна криза, истакна претседателот Пендаровски.
Отворена е првата Академија за дисеминатори за Меѓународно хуманитарно право, што се одржува во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Академијата за дисеминатори за Меѓународно хуманитарно право претставува базична тридневна обука наменета за студенти од завршна година на додипломски студии или студенти на постдипломски студии од областа на безбедноста, правото и воените науки, а ќе се реализира во период од 19 до 21 декември 2022 година.
Александра Спировска
