Дојави за бомби во неколку училишта во Скопје, во тек се антитерористички проверки
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираат од МВР.

Нови дојави за бомби денеска се испратени до училишта во Скопје. Според МВР, досега четири училишта пријавиле дека добиле закани за поставена експлозивна направа.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираат од МВР.
Последната серија на закани за бомби беше регистрирана во петокот во 15 училишта – 10 во Скопје и пет во Битола, но и на Меѓународниот аеродром Скопје, Спортскиот центар „Борис Трајковски“, националната арена „Тодор Проевски“, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), трговскиот центар „Ист гејт мол“, како и во хотелите „Александар Палас“, „Мериот“ и „Сенигалија“. По проверките, се утврди дека сите дојави се лажни.
