Европа

ЕУ ја договори горната цена на гасот на 180 евра

19.12.2022 18:28

Унгарија беше единствена против утврдувањето горна граница, Австрија и Холандија беа воздржани, а Германија го поддржа договорот. Сите тие земји претходно се противеа на какви било интервенции на пазарот на гас и ценовни ограничувања.

Министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ се договорија механизмот за ограничување на цената на гасот да се активира кога цената ќе достигне 180 евра за мегават час, и 35 евра повеќе од референтната цена на течниот гас за период од три последователни дена, пренесува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. 

Унгарија беше единствена против утврдувањето горна граница, Австрија и Холандија беа воздржани, а Германија го поддржа договорот. Сите тие земји претходно се противеа на какви било интервенции на пазарот на гас и ценовни ограничувања.

За одлукате не е потребен консензус туку е доволно квалификувано мнозинство, што значи дека мора да биде поддржана од 55 отсто од земјите-членки, односно 15 од нив, а кои сочинуваат најмалку 65 отсто од вкупното население на Унијата.

Механизмот ќе може да стапи на сила од 15-ти февруари следната година.