МВР

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки

19.12.2022 21:10

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави...

Направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (две основни училишта и 14 средни училишта), по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од МВР.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави- стои во соопштението.