Здравје

Совети за освежување на организмот за време на празниците

20.12.2022 08:20

Навиките на прејадување за време на празниците се нешто од што е тешко да се откажеме, но затоа треба телото и организмот да бидат во нормала со здрава храна и вкусни пијалаци...

Навистина е тешко да им одолеете на сите вкусни деликатеси што се подготвуваат за време на празничните денови.

Навиките на прејадување за време на празниците се нешто од што е тешко да се откажеме, но затоа  треба телото и организмот да бидат во нормала со здрава храна и вкусни пијалаци.

Овие денови утринското кафе обидете се да го замените со шолја вода со исцеден лимон. Веднаш откако ќе се разбудите исцедете половина лимон во чаша вода за да му помогнете на телото да се ослободи од токсините, но внимавајте ако имате проблеми со желудникот.

Ако сте љубители на лесни сокови од овошје и зеленчук, тогаш уште денес започнете го денот со сок. Здравите сокови се совршен начин да го почнете денот, а истите ќе ви ја дадат сета потребна енергија за извршување на обврските. Она на што треба да внимавате е тој да содржи зеленчук или овошје полн со витамин Ц и да има освежителен вкус. Обидете се да употребувате ѓумбир и цимет.

Не само што чаевите се супер антиоксиданси, туку тие ве хидратизираат и ве прават сити, што значи дека помалку ќе бидете склони кон прејадување. Обидете се да го најдете омилениот вкус на чај и неговото пиење да ви стане навика. Секогаш обидете се да одберете чаеви – тревки наместо оние во ќесичка.

За телото да се врати во рамнотежа за време на празниците, единствено нешто што треба да направите е да се вратите на здравата исхрана и урамнотежената исхрана и секако, да вежбате повеќе. Обидете се да го намалите или целосно да го исфрлите шеќерот од исхраната со што ќе му направите голема услуга на организмот. Обидете се да внесувате поголема количина на производи полни растителни влакна поради што веднаш ќе се чувствувате подобро.