Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност
20.12.2022 08:34
Наутро ќе биде студено, во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност...

Времето денес ќе биде студено особено во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во југоисточните делови од земјата и понекаде во западните. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.
