Сообраќај

МВР: 165 санкционирани возачи во Скопје

20.12.2022 08:52

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци, соопштуваат од МВР.