Русија

Путин: Ситуацијата во Украина е многу тешка

20.12.2022 09:47

Рускиот претседател Путин призна дека ситуацијата во четирите украински региони, што Русија неодамна ги анектираше, е крајно тешка. Путин вчера ја посети Белорусија за првпат од 2019-та година...

Рускиот претседател Путин призна дека ситуацијата во четирите украински региони, што Русија неодамна ги анектираше, е крајно тешка. Им нареди на безбедносните служби да го засилат надзорот за да се обезбедат границите. Призна дека инвазијата на Украина не се одвива според планот и предупреди дека ситуацијата е тешка.

Путин вчера ја посети Белорусија за првпат од 2019-та година. На прес-конференцијата по средбата со Александар Лукашенко, едвај ја спомена Украина.

Киев стравува дека посетата имаше за цел повеќе да ја вовлече Белорусија во војната во Украина, па најави дека ќе ја засили својата граница кон Белорусија со војници и муниција.