Ослободени пет од седумте киднапирани жители на Доњецк

29.04.2014 13:23

На истокот на Украина сепаратистите ослободија пет од киднапираните седум жители на Доњецк, учесници во демонстрациите за единство на Украина. На протестите учествувале околу 2 000 лица. Во меѓувреме, Русија ги критикуваше новите санкции од ЕУ против руските официјални лица наведувајќи дека Унијата е под влијание на Вашингтон и дека треба да се засрами. Инаку и Јапонија воведе визни ограничувања за 23 руски државјани, еден ден откако нови санкции воведоа САД и Европската Унија.

На истокот на Украина сепаратистите ослободија пет од киднапираните седум жители на Доњецк, учесници во демонстрациите за единство на Украина. На протестите учествувале околу 2 000 лица. Во меѓувреме, Русија ги критикуваше новите санкции од ЕУ против руските официјални лица наведувајќи дека Унијата е под влијание на Вашингтон и дека треба да се засрами. Инаку и Јапонија воведе визни ограничувања за 23 руски државјани, еден ден откако нови санкции воведоа САД и Европската Унија. Жителите на Славјанск изјавија дека се изморени од судирите со западна Украина и дека се надеваат оти кризата ќе заврши мирно.

„Јас несомнено сум за обединета Украина. Искрено, доста ми е од се што се случува, луѓето се плашат да се движат по улица, воопшто да излегуваат надвор. Повеќето продавници не работат. Би сакал се да се смири, и не би сакал да одам во Русија. Таму нема да е подобро од овде“- изјави жител на Славјанск.