Во Либија 17 членови на Исламска држава осудени на смрт

20.12.2022 10:15

За истото дело 16 екстремисти се осудени на затворски казни, од кои двајца на доживотен затвор...

Во Либија 17 поранешни припадници на Исламска држава се осудени на смрт поради убиството на 53 лица, во западниот град Сабрата и уништувањето на државен имот.

За истото дело 16 екстремисти се осудени на затворски казни, од кои двајца на доживотен затвор. Џихадистите го зајакнаа своето влијание во Либија по соборувањето на Моамер Гадафи во 2011-та година.