Фудбал
Меси прогласен за спортист на годината во изборот на Би-би-си
20.12.2022 11:01
Наградата се доделува на спортистот кој го постигна најзначајниот успех на светско ниво во текот на годината...

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Лионел Меси е прогласен за спортист на годината за 2022-ра година, во изборот на Би-би-си.
Аргентинскиот напаѓач ќе ја добие наградата Светска спортска ѕвезда на „BBC Sports Personality“. Наградата се доделува на спортистот кој го постигна најзначајниот успех на светско ниво во текот на годината.
Меси го освои Светското првенство во 2022-ра година со Аргентина и беше прогласен за најдобар играч на турнирот.
